Македонија подобра од Израел

Од:

Машката ракометна репрезентација постигна победа на контролниот натпревар против Израел одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“. Македонија победи со 39:37, полувреме 20:18.

Почетокот на дуелот мина во знакот на противникот, кој имаше водство до средината на првиот дел. Сепак, избраниците на селекторот Ивица Обрван го презедоа водството во финишот на првите 30 минути. Македонија водеше и со највисоки 6 разлика (27:21) на почетокот на вториот дел.

Најефикасен на натпреварот кај Македонија беше Гоце Георгиевски со 7 голови, Ренато Вугринец постигна 6, а Кирил Лазаров 5. Селекторот Обрван им даде шанса на сите играчи, со исклучок на Ацо Јоноски и постојано ги менуваше играчите на теренот.

Овие две репрезентации утре ќе одиграат уште еден натпревар, но од затворен тип.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ