Македонија организатор на ЕП во кендо 2016

Од:

По повод добивањето на организацијата на Европското првенство во кендо-иаидо 2016, денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) се одржа прес-конференција на која се искажа подготвеноста Македонија за време на овој голем настан да биде претставена во најдобро светло.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески нагласи дека добивањето на организацијата на овој меѓународен настан не е случајно.

– Изминатите години Кендо федерацијата со поддршка од Агенцијата за млади и спорт имаше многубројни активности во насока на промовирање, развој и приближување на овие боречки вештини во Македонија. Организирани беа повеќе меѓународни натпревари меѓу кои и третото Балканско првенство во кендо, со повеќе од 100 учесници од седум држави. Секоја година македонската Кендо-иаидо федерацијата ја организира манифестацијата „Сакура“ на главниот плоштад во Скопје, каде се презентира јапонската култура и боречки вештини. Исто така, секоја година федерацијата организира интернационални кендо иаидо семинари и натпревари, истакна Спасески на денешната прес-конференција.

Тој упати благодарност до СЦ „Борис Трајковски“ кој целосно ќе ја покрие организацијата на Европското првенство и додаде дека нашата држава била домаќин на голем број меѓународни натпревари и секогаш спортистите си заминувале задоволни од гостопримството на Македонија.

Претседателот на Кендо-Иаидо федерацијата на Македонија Златко Кескоски посочи дека оваа федерација со посветена работа и поддршка од Владата, АМС и СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ја добие организацијата за 27.то Европско првенство во кендо кое ќе се одржи во период од 14-17 Април 2016 година во Скопје.

– Првпат се случува некоја од државите на Балканот да добие организација на ЕП во кендо. Очекуваме кон крајот на годината инспекција од Европската кендо федерација да видат до каде сме со подготовките. Ние Македонија ја презентираме како европска и модерна држава и тоа ни е примарната цел. Организаторите очекуваат на овој настан да присуствуваат 40 земји и преку 700 натпреварувачи, вели Кескоски.

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски рече дека Македонија повторно ќе се претстави како добар домаќин, а гаранција за тоа се големиот број успешно организирани меѓународни натпреварувања кои ги има организирано спортскиот центар и додаде дека ќе му претставува задоволство во давањето поддршка и логистика за организација на Европското првенство во кендо 2016 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска