Македонската фудбалска репрезентација го претрпе четвртиот пораз во квалификациите за Светското првенство 2018. Синоќа во Гранада, избраниците на селекторот Игор Ангеловски се поразени од фаворитот Шпанија со убедливи 4:0.
До победата „црвената фурија“ дојде со головите на Дарко Велковски (автогол), Виктор Витоло, Начо Монреал и Ариц Адуриз.
Убедливи победи во Г групата остварија и селекциите на Италија и Израел.
Постиганти резултати во 4.коло:
Шпанија – Македонија 4:0,
Лихтенштајн – Италија 0:4 и
Албанија – Израел 0:3.
Табела: Шпанија 10 бодови, Италија 10, Израел 9, Албанија 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.