Македонија ја победи Грција во Атина

Од:

Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа со 27:25 вечерва на гостувањето во Атина против нашиот јужен сосед.

До победата избраниците на селекторот Ивица Обрван дојдоа во финишот на натпреварот кога во последните пет минути постигнаа три, а не примија ниту еден гол и со тоа водството на домаќините од 25:24 го претворија во наша победа.

Во текот на целиот натпревар се играше изедначено. „Црвено-жолтите“ во првото полувреме повеќе пати беа во водство, а на одмор се отиде со 13:12. Грција во вторите 30 минути искористи неколку грешки на нашите ракометари и успеа да дојде на чекор до изненадување, но немаше сили за такво нешто.

Македонија и пред овој дуел важеше за голем фаворит, а пласманот на Светското првенство во Катар 2015, треба да го потврди на реваншот во Скопје по една недела кога ќе биде заокружен овој бараж.

Резултати на другите досега завршени први бараж дуели за СП 2015: Русија – Литванија 30:22, Полска – Германија 25:24 и Романија – Шведска 24:25.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП