Македонија го доби вториот олимпиец, таеквондистот Георгиевски обезбеди норма за Токио

Од:

Таеквондистот Дејан Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија.

Георгиевски ја обезбеди олимписката норма, прва во историјата за македонското таекводно, на денот кога го прославува својот 22. роденден со максимален ефект, совладувајќи го, притоа, во финалето со 13:6 актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Претходно борачот Могамедгаџи Нуров избори норма за Игрите во главниот јапонски град.

На олимписките квалификации во Софија вчера настапија и Филип Додевски во категоријата под 80 килограми и Анамарија Георгиевски во категоријата под 67 килограми.

Би можело да ве интересира

Теквондистот Георгиевски освои бронза на „Президент купот“ во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Георгиевски и Акиевска најдобри македонски спортисти за 2021

А1он

Дејан Георгиевски најуспешен спортист на Скопје за 2021 година

Катерина Ѓуровски

Сребрените грчки ватерполисти, половина од премијата за медалот од Токио ќе ја донираат за погодените од пожарите

Свечено затворени Олимписките игри во Токио

Дресел најуспешен спортист, Мекион најуспешна спортистка на ОИ во Токио