Македонија домаќин на Европско првенство во кајак на диви води

Од:

Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи на патеките на реките Вардар и Матка во Скопје почнувајќи од утре (11 мај) па се до недела (14 мај).

Вкупно 176 учесници од 18 земји ќе продифелираат со своите кајаци во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје.

– Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик. Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на Македонија, која во изминативе години е водечка во организирање на натпревари од меѓународен карактер. Така за организација на овој настан од буџетот на Агенцијата се одвоени 1,2 милиони денари. Свеченото отворање на настанот е плоштад Филип II Македонски со почеток од 20 часот. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Скопје и пошироко да бидат дел од оваа манифестација која има огромно значење како за градот Скопје, така и за Македонија, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

На прес конференцијата зборуваа и претседателот на Кајак федерацијата на Македонија Коста Ефтимов, како и спортскиот директор на кајакарската федерација на Македонија и технички организатор на натпреватрот, Атанас Николовски.

– Припремите за старт на Европското првенство во кајак на диви води е во завршна фаза. Очекуваме оклу 180 старта, што укажува на масовност на ова натпреварување, а за квалитетот зборува учеството на словакот Матеј Пенуш, второпласираниот на ОИ Рио, Нејц Ждинанчиќ од Словенија, Томислав Леко од Хрватска, како и одличниот тим од Франција, сите кои во моментов се во врвот на европскиот и светски врв, потенцира Николовски.

Посебно е задоволството што овогодинешниот меѓународен календар на натпревари стартува токму од Македонија, која е домаќин на Европското јуниорско во 2018, но е и еден од посеризните кандидати за организација на светското сениорско кое е на календарот на натпревари во 2019.

Николовски изрази голема благодарност до сите волонтери од Македонија, на кои на големо задоволство им се приклучуваат и волонтери од Босна.

Македонскиот тим брои 7 натпреварувачи од кои 4 во К1, 1 во Ц1 и двајца во Мастерс. Најмногу се очекува од Љубомир Спасиќ, вториот од европскиот куп во спринт.

Би можело да ве интересира

Кајакарот Љубомир Спасиќ трет на Светското првенство во Саберо, Шпанија

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска