Поради лоши резултати, германскиот бундеслигаш Мајнц денеска му додели отказ на тренерот Каспер Хјулманд. Тимот за кој настапува поранешниот македонски репрезентативец Николче Новески забележа само една победа на последните 13 лигашки натпревари.
Нов тренер на Мајнц ќе биде Мартин Шмит, кој досега го водеше вториот тим на Мајнц.
Во моментов Мајнц се наоѓа на 14.место во Бундеслигата со 22.бода, исто колку и 15.пласираната Борусија Дортмунд.
Мајнц е шестиот клуб од Германскиот фудбалски шампионат кој сезонава го отпушти тренерот.