Мајката на уругвајскиот напаѓач на Наполи, Едисон Кавани, Берта Гомез во локалното радио изјави дека нејзиниот син и се доверил дека ќе го напушти Наполи.
Името на Единсон Кавани веќе некое време се наоѓа на врвот на листата на желби на неколку големи европски клубови, но сумата која Наполи ја бара за него, а која изнесува 63 милиони евра е нешто што во моментов е премногу и за клубови како Манчестер Сити, Реал Мадрид и Челзи.
Сепак, доколку се за верување последните изјави на мајката на Кавани, Берта Гомез, нејзиниот син планира во претстојниот летен преоден рок да ја смени клупската средина.