Мајката и вујкото на Михалис Кацурис, навивачот загинат во нередите поради што беше откажан натпреварот во Атина, беа на синоќешниот меч АЕК-Динамо. Со драматичен гол на Домагој Вида длабоко во судиското надополнување, грчкиот клуб стигна до 2:2 и по победата од 2:1 на првиот натпревар во Загреб, Динамо беше исфрлен од квалификациите за Лигата на шампионите.
Очигледно победата многу им значеше на родителите на убиениот грчки навивач, па веднаш по натпреварот со дозвола од клубот ги посетија играчите во соблекувалната и им се заблагодарија што го нокаутираа Динамо. Грчкиот „Newsbomb“ пишува дека „на играчите им порачале да извлечат голема сила од овој резултат“.
На тоа играчите одговориле многу позитивно, особено Петрос Мандалос кој стана и во име на сите му се заблагодари на семејството на убиениот навивач за доаѓањето на натпреварот. Тој истакна дека и фудбалерите на АЕК црпеле сила од присуството на трибините.