Мајами со 22-ра последовна победа

Од:

Екипата на Мајами го совлада Торонто со 108:91, со што ја запиша 22-та победа во низа и на вечната листа се израмни со Хјустон.

Инаку апсолутниот рекорд на лигата е во сопственост на ЛА Лејкерс од времето кога беа предводени од Вилт Чемберлен – Лејкерси од ноември 1971 до јануари 1972 година забележале 33 победи во низа.

Мајами во Торонто ја запиша 51-та победа оваа сезона, екипата до триумфот ја предводеше Двејн Вејд со 24 поени и девет асистенции. Одличен натпревар одиграа и Леброн Џејмс (22 поени, 12 скокови, 8 асистенции), Реј Ален (20 поени), односно Крис Бош (18 поени). Руди Геј го предводеше Торонто со 27 поени и 8 скокови.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа