Мајами надополни 27 поени негатива за 24. победа во серија

Од:

Шампионот Мајами направи неверојатно враќање на ноќешниот натпревар откако на гостувањето кај Кливленд успеа да надополни негатива од 27 поени во третиот период. На седум минути до крајот на третиот период Кливленд водеше со 67:40. Мајами второто полувреме од натпреварот го доби со 64:40.

Ова беше еден од најдобрите натпревари во НБА лигата сезонава бидејќи дури 11 играчи имаа двоцифрен број поени (Кливленд 5, Мајами 6). Најдобар на натпреварот беше Леброн Џејмс. Тој против својот поранешен тим имаше „трипл дабл“ ефект – 25 поени, 12 скока и 10 асистенции.

За Мајами ова беше 53.та победа сезонава.

Уште една екипа ноќеска обезбеди плеј-оф. Индијана е четвртиот тим кој ќе разигрува за титулата.

Резултати од ноќешните натпревари: Шарлот – Торонто 107:101, Кливленд – Мајами 95:98, Њујорк – Орландо 106:94, Атланта – Милвоки 98:90, Мемфис – Оклахома Сити 90:89 (продолжение), Њу Орлеанс – Бостон 87:86, Хјустон – Јута 100:93, Далас – Бруклин 96:113, Сан Антонио – Голден Стејт 104:93, Феникс – Вашингтон 79:88 и Лос Анџелес Клиперс – Филаделфија 101:72.

Двојки за вечерва: Чикаго – Портланд, Денвер – Филаделфија и Сакраменто – Минесота.

Пласман Источна конференција: Мајами 53-14 (победи-порази), Индијана 42-26, Њујорк 40-26, Бруклин 40-28, Атланта 38-30, Чикаго 36-30, Бостон 36-31, Милвоки 34-33,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 52-16, Оклахома Сити 50-19, Мемфис 46-21, Лос Анџелес Клиперс 47-22, Денвер 47-22, Голден Стејт 39-31, Хјустон 37-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-33, Јута 34-34,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа