Мајами и Бостон ја отвораат новата НБА сезона

Од:

Новата сезона во најсилната кошаркарска конкуренција на планетата, НБА, ќе почне на 30-ти октомври со големото дерби меѓу бранителот на титулата Мајами Хит и тимот на Бостон Селтикс.

Истата вечер ќе бидат одиграни уште два натпревара. Како што тоа знаат да го направат Американците, на самиот старт ги соочија Лос Анџелес Лејкерс со Далас, додека во Кливленд, Кавалирс ќе ги вгостат кошаркарите од главниот град, Вашингтон Визардс.

Два дена подоцна, на 2-ри ноември, првиот дуел во историјата на франшизата ќе го одигра тимот на Бруклин Нетс и тоа против градскиот ривал Њујорк Никс, но на свој паркет.

Репризата на годинашното големо НБА финале ќе се одигра на католичкиот Божик, кога Мајами на Флорида ќе ја пречека екипата на Оклахома Сити Тандер.

Следниот викенд на сите ѕвезди Ол-стар ќе биде одржан во Хјустон на 17-ти февруари, а регуларниот дел од НБА сезоната ќе заврши на 17-ти април 2013-та година.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски