Маикон нов играч на Рома

Од:

Бразилецот Даглас Маикон од Манчестер Сити премина во редовите на калчолигашот Рома. Како што соопштуваат италијанските медиуми, Маикон со Рома договорил двегодишна соработка.

32-годишниот бразилски фудбалер веќе денеска треба да им се приклучи на новите соиграчи кои се наоѓаат на подготовки во алпското италијанско туристичко место Рисконе.

Маикон минатата сезона не беше стандарден во Манчестер Сити каде одигра само 11 натпревари.

Во Италија има настапувано за Интер кога тренер беше Мурињо и има освоено Лига шампиони, четири титули во Серија А и повеќе титули од куп-натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска