Она што деновиве се шпелираше и официјално е потврдено од соптвеникот на Интер, Мацари е нивниот нов тренер.
„Да, Валтер Мацари е нов тренер на Интер, со него потпишавме договор на две години. За жал, се разделуваме со Страмачони“, истакна Масимо Морати.
Во последните две сезони Интер не е меѓу најдобрите екипи во Серија А. Минатата сезона ја заврши на шестото место, а оваа е дури деветти и не обезбеди пласман во Европа. Тоа беше и решавачки фактор за промена на кормилото и за именување на Мацари.
Валтер Мацари во изминатите четири години беше на клупата на Наполи, а претходно ги водеше и Ливорно, Реџина и Сампдорија. Оваа сезона со Наполи обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а неговото место веднаш го завзеде Рафаел Бенитез, кој го напушти Челси.