Мацари останува во Интер, барем до јуни

Од:

Пјеро Аусилио спортскиот директор на италијанскиот фудбалски клуб Интер потврди дека тренерот Валтер Мацари останува во клубот најмалку до крајот на тековната сезона.

Веќе со недели во италијанските медиуми се шпекулираше дека Мацари ќе биде разрешен од тренерското место на „неро-азурите„ поради слабите резултати кои ги има миланската екипа, но денеска и официјално е ставен крај на таа приказна.

– Причината за нешто послабите резултати се проблемите со повредите, но и недостатокот од адекватни замени. Некои фудбалери се уморни, бидејќи често играа и по цел натпревар, и тука тренерот нема никаква вина. Го почитуваме ставот и мислењето на навивачите, но Мацари ќе биде тренер до јуни, а потоа ќе ја анализираме ситуацијата’’ изјави за „Телеломбардија„ спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио.

По поразот од Парма со 2:0 тренерот Мацари се најде на удар на навивачите на Интер, кои истакнаа транспарент барајќи негова оставка и враќање на Роберто Манчини.

Како можни наследници на Мацари покрај Манчини се споменуваа и имињата на тренерот на Сампдорија Синиша Михајловиќ и Валтер Зенга поранешниот тренер на Црвена звезда.

Екипата на Интер во 10 одиграни натпревари во Серија А од можни 30 има освоено 15 бодови и се наоѓа на деветтото место на табелата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска