Мацари го напушти Наполи

Од:

Валтер Мацари, тренерот на Наполи за кој настапува Горан Пандев го потврди своето заминување од клубот по четиригодишна успешна работа.

Договорот на Мацари со Наполи истекува ова лето.

– Во Наполи го давав својот максимум и мислам дека на најкоректен начин си ја вршев својата работа. Голема благодарност до сите во клубот за поддршката, до фудбалерите и до навивачите, а посебно до претседателот Де Лаурентис кој инсистираше да останам, но мислам дека е време за промени, истакна Мацари по синоќешниот дуел со Рома.

Тренерот на Наполи не откри каде ќе ја продолжи својата кариера, оставајќи си, како што рече, малку време за одмор пред донесување одлука за идниот ангажман.

Наполи сезонава ја заврши како втор во Серија А и со тоа избори директен пласман во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска