Лути навивачи на Фиорентина на расна основа ги навредувале Балотели и Робињо

Од:

Неколку десетици навивачи на Фиорентина на расна основа ги навредувале играчите на Милан, Марио Балотели и Робињо, изреволтирани поради начинот на кој „миланезите“ ја победија Сиена.

Како што пренесуваат италијанските медиуми 30-ината навивачи на „виолетовите“ во неделата вечер не го гледале натпреварот на својот тим туку се решиле да присуствуваат на средбата во Сиена каде што гостуваше Милан, директниот конкурент на Фиорентина за 3.место.

Овие навивачи биле изнервирани поради победата на „росо-нерите“ остварена во последните минути, па отишле пред хотелот на гостинските фудбалери со цел да се пресметаат со нив.

До физички контакт не дошло, но вербално најмногу настрадале Балотели и Робињо кои се обиделе да возвратат на нападите, но случајот се завршил по интервенција на луѓето од експедицијата на Милан. Ова не е првпат овие двајца црномурести фудбалери на Милан да бидат цел на напади на расна основа.

На натпреварот Сиена – Милан 1:2, Балотели изнуди пенал и истиот го реализира за изедначување во тој момент на 1:1.

По среќната победа на Милан, Фиорентина остана без пласман во Квалификациите од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска