Фудбалерот на Интер Ромелу Лукаку е прогласен за играч на годината во Лигата на Европа 2019/20.
Во гласањето, белгискиот напаѓач ги победи играчот за врска на Севиља, Евер Банега и играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.
Лукаку стигна до финалето на турнирот со Интер, постигнувајќи седум гола на шест натпревари од плејофот, вклучително и гол во решавачкиот натпревар против Севилја (2:3).