Лукајиќ: Во овој момент не сме физички подготвени за денешната кошарка

Од:

Македоснкиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром синоќа во Задар претрпе нов пораз во АБА лигата. Храватскиот тим Задар беше поуспешен со 105:80 во првиот натпревар од 14.коло и ја постигна седмата победа со која се проби на четвртото место на табелата.

МЗТ Скопје остана последен со само две победи и 12 порази.

На прес конференцијата по дуелот тренерот на „металците“ Жељко Лукајиќ изјави:

– Задар беше подобар и заслужено победи. Имаа добра одбрана и во нападот добро шутираа. Ние имавме проблеми со повреди. Во овој момент Задар има и подбра форма и игра. Ние баравме изненадување, но нашата реалност е дека мора да направиме добра анализа. Мора да го подобриме впечатокот барем до крајот на сезоната. Во овој момент не сме физички подготвени за денешната кошарка. Убеден сум дека играчите на МЗТ Скопје знаат да играат. Во одбрана да играме со малку повеќе „срце“ што ќе ни донесе повеќе позитвни резултати.

МЗТ Скопје на дуелот со Задар одигра лоша прва четврина, која ја загуби со 32:14, што се покажа како решавачко. Следниот натпревар МЗТ Скопје Аеродорм го игра на домашен терен против Игокеа на 5.јануари (петок).

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска