Бугарскиот шампион Лудогорец направи сензација во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите играјќи нерешено со ПСЖ во Париз. Со освоениот бод, Лудогорец си обезбеди понатамошно учество во евро-куповите, од елитата ќе продолжи да се натпреварува во второто по квалитет клупско фудбалско континентално друштво – Лига Европа.
Киксот на ПСЖ го искористи Арсенал кој по триумфот над Базел го освои првото место во А групата и како носител ќе ја чека жрепката за елиминациската фаза.
Резултати на синоќа одиграните осум натпревари од 6.коло во ЛШ:
А група: ПСЖ – Лудогорец 2:2, Базел – Арсенал 1:4.
Табела: Арсенал 14 бода, ПСЖ 12, Лудогорец 3, Базел 2.
Б група: Динамо Киев – Бешикташ 6:0, Бенфика – Наполи 1:2.
Табела: Наполи 11 бода, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 5.
Ц група: Барселона – Борусија Mенхенгладбах 4:0, Манчестер Сити – Селтик 1:1.
Табела: Барселона 15 бода, Манчестер Сити 9, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 3.
Д група: Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 1:0, ПСВ – Ростов 0:0.
Табела: Атлетико Мадрид 15 бода, Баерн 12, Ростов 5, ПСВ 2.
Двете првопласирани екипи одат во осминафиналето, додека трето пласираните продолжуваат во Лига Европа.
Вечер се играат последните натпревари од другите четири групи.