Лос Анџелес Клиперс ја постигна 13.та победа по ред во НБА лигата

Од:

 Екипата на Лос Анџелес Клиперс ја продолжи серијата победи откако без поголем проблем на гостувањето кај Феникс оствари триумф, што за нив е 13.ти во низа и го надминаа рекордот сезонава од 12 победи на Оклахома Сити.

„Дабл-дабл“ учинок имаа двајца играчи кај победничката екипа Блејк Грифин 23 поени и 11 скокови, а Крис Пол 17 поени и 13 асистенции.

По оваа успешна серија ЛА Клиперс се на чекор до првата позиција во Западната конференција.

Резултати постигнати на ноќешните натпревари: Бруклин – Филаделфија 95:92, Њујорк – Минесота 94:91, Орландо – Јута 93:97, Сан Антонио – Далас 129:91, Феникс – Л.А. Клиперс 77:103 и Сакраменто – Портланд 108:96.

Вечерва не се играат натпревари поради католичкиот Божик, додека следните натпревари се на програмата на 25 декември.

Пласман Источна конференција: Мајами 18-6 (победи-порази), Њујорк 20-7, Атланта 16-9, Чикаго 15-11, Индијана 16-12,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 21-5, Лос Анџелес Клиперс 21-6, Сан Антонио 21-8, Мемфис 18-7, Голден Стејт 18-10,…

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски