Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги смета дека синоќешниот пораз од Атлетико Мадрид во Супер купот на УЕФА не треба да остави некаква трага и да биде причина за тревога.
– Нема да ја менуваме клупската политика поради овој загубен меч. Ни престојат домашнито шампионат и Лигата на шампионите и треба да се фокусираме на тие натпреварувања. Супер купот го загубивме поради наши грешки. Сепак, Атлетико заслужено го освои трофејот и ние им честитаме, изјави Лопетеги.
Новиот тренер дебитираше со пораз 2:4 по продолженија, откако основите 90 минути завршија нерешено 2:2.