Ливерпул шест недели без Мане

Од:

Екипата на Ливерпул дербито на 8.коло од Премиер лигата, дуелот со големиот ривал Манчестер Јунајтед в сабота ќе го дочека без повредениот Садио Мане.

На официјалната интернет страница на клубот е објавено дека играчот ќе отсуствува околу шест недели поради повреда на мускулот.

Мане беше заменет на натпреварот на неговата репрезентација Сенегал против селекцијата на Кап Верде во 89.минута во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Отсуството на Мане ќе биде голем проблем за екипата на Јирген Клоп. Фудбалерот на Ливрепул настапи на последниот дуел од Премиер лигата со Њукасл, откако претходно беше казнет со три натпревари поради црвен картон на дуелот со Манчестер Сити.

Тој на пет натпревари во Премиер лигата постигна три голови.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска