Ливерпул подготвува проштален дуел за Џерард

Од:

Премиерлигашот Ливерпул планира да организира проштален натпревар за долгогодишниот капитен Стивен Џерард.

Ревијалната средба ќе се одржи на „Енфилд“ на 29 март за време на паузата во националните првенства поради репрезентативни обврски.

Присуство на тој натпревар најавија повеќе поранешни и сегашни соиграчи на Џерард, а еден од нив е Џејми Карагер кој поради настанот ги одложи деловните обврски и отворање ресторан во Њујорк.

Џерард на крајот од сезоната ќе го напушти клубот во кој помина 17 години и одиграл 702 натпревара со 183 постигнати голови. Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, Купот на Уефа, Лига купот, ФА купот, но нема шампионска титула од Премиер лигата.

За англискиот национален тим има одиграно 114 натпревари и постигнато 21 гол.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска