Премиерлигашот Ливерпул по крајот на сезоната, на трансфер листата ќе го стави голманот Пепе Реина.
За 30-годишниот шпански голман интерес веќе прикажа Барселона. Каталонскиот клуб излезе со конкретна понуда до Ливерпул која изнесува 15 милиони евра.
Барселона е активно во потрага по нов голман, откако сегашниот чувар на мрежата Виктор Валдес одби да го обнови договорот со клубот кој истекува летото 2014 година.