Големите ривали од англискиот фудбал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед вечерва на „Енфилд“ ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел во европските купови.
Во рамките на осминафиналето од Лига Европа, Ливерпул е домаќин на Манчестер Јунајтед, но гостите се наоѓаат во серија од четири победи на последните четири натпревари од Премиер лигата. За разлика од нив Ливерпул пак нема пораз оваа сезона во ова натпреварување. Почетокот на дуелот е во 21:05 часот.
Бранителот на пехарот Севиља гостува кај Базел, а почетокот е во 19 часот.
Покрај овие два натпревара вечерва играат уште: Шахтјор – Андерлехт, Борусија Дортмунд – Тотенхем, Фенербахче – Брага (почеток 19 часот), Виљареал – Баер Леверкузен, Атлетик Билбао – Валенсија и Спарта – Лацио.
Реванш натпреварите се играат на 17.март.