Ливерпул и Блекбурн ќе играат повторен натпревар во ФА купот

Од:

Екипите на Ливерпул и на Блекбурн ќе играат повторен натпревар во четвртфиналето од ФА купот, откако попладнево двата тима на „Енфилд“ одиграа нерешено без голови 0:0. За десетина дена ќе треба да се одигра и повторениот дуел, а домаќен ќе биде Блекбурн.

Првото полувреме беше во прекин околу 10-тина минути откако по еден дуел со противнички играч се повреди фудбалерот на Ливерпул, Марин Шкртел. Поради тежината на повредата (вратот) на лекарската екипа и беше потребно време Шкртел на носилки да го напушти теренот и потоа тој е пренесен во болница.

Утре се игра последниот четвртфинален дуел од ФА купот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Пласман во полуфиналето досега има обезбедено само Астон Вила со победата над ВБА со 2:0, додека Ридинг и Бредфорд на 16.март ќе одиграат повторен натпревар откако вчера одиграа 0:0.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска