Ливерпул го победи шампионот

Од:

Дерби натпреварот од 27.коло во англиската фудбалска Премиер лига му припадна на Ливерпул кој беше подобар од шампионот Манчестер Сити.

На средбата одиграна попладнево на стадионот „Енфилд’’ екипата на Ливерпул го победи Манчестер Сити со 2:1.

Џордан Хендерсон во 11-минута им донесе водство на домаќините, кое го анулира Един Џеко петнаесет минути подоцна (26).

Вториот гол, воедно и триумфален, за Ливерпул го постигна Филипе Кутињо во 75-минута за конечни 2:1.

За денеска закажан е и дуелот меѓу Арсенал и Евертон, додека колото ќе биде комплетирано во вторник со натпреварите, Саутемптон – Кристал Палас и Хал – Сандерленд.

Табела: Челзи 60 бодови (-1 натпревар помалку), Манчестер Сити 55, Манчестер Јунајтед 50, Арсенал 48 (-1), Ливерпул 48, Саутемптон 46, Тотенхем 44 (-1)…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска