Фудбалерите на Ливерпул синоќа пред своите навивачи го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:0 во рамките на првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.
„Црвените“ во текот на сите 90 минути беа подобар противник и заслужено стигнаа до предноста со головите на Даниел Стариџ од пенал и на Роберто Фирмино.
Ова беше прв меѓусебен дуел на двата англиски клуба во европско натпреварување.
На другите осминафинални натпревари беа постигнати следниве резултати: Спарта – Лацио 1:1, Атлетик Билбао – Валенсија 1:0, Виљареал – Баер Леверкузен 2:0, Фенербахче – Брага 1:0, Борусија Дортмунд – Тотенхем 3:0, Базел – Севиља 0:0 и Шахтјор – Андерлехт 3:1.
Реванш натпреварите се играат на 17 март.