Ливерпул го доби дербито со Манчестер Сити

Од:

Со голот на Жоржињо Вајналдум постигнат во 8.минута, екипата на Ливерпул оствари минимална победа од 1:0 над Манчестер Сити вчеравечер во дербито на 19.коло на Англиското фудбалско првенство.

Натпреварот одигран на „Енфилд“ помина без многу шанси за гол и со борбена игра. Гостите од Манчестер во вториот дел се обидоа да го избегнат поразот, но Ливерпул добро се бранеше и на крајот успеа со три освоени бода да ја заврши 2016 година на втората позиција на табелата, веднаш зад лидерот Челзи.

Резултати на досега завршените натпревари од 19.коло во Премиер лигата:

Хал – Евертон 2:2,
Свонси – Бурнемут 0:3,
Саутемптон – ВБА 1:2,
Манчестер Јунајтед – Мидлсброу 2:1,
Лестер – Вест Хем 1:0,
Челзи – Стоук 4:2,
Барнли – Сандерленд 4:1 и
Ливерпул – Манчестер Сити 1:0.

Денеска на првиот ден на новата 2017 година, од 14:30 часот ќе играат Вотфорд – Тотенхем, додека дуелот Арсенал – Кристал Палас ќе започне во терминот од 17 часот.

Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 43, Манчестер Сити 39, Арсенал 37, Тотенхем 36, Манчестер Јунајтед 36, Евертон 27,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска