Кошаркарската репрезентација на Литванија ја оствари втората победа на Евробаскет совладувајќи ја селекцијата на БиХ со 87:70. Со ова Литванците се искачија на четвртата позиција во групата Б и се пласираа во осминафиналето токму пред Босна и Херцеговина. Најверојатно ќе се соочат со Шпанија во нокаут фазата.
Литванците ја создадоа предноста во вториот период кој го добија со убедливи 14 поени разлика. На одморот заминаа со водство од 56:42.
До крајот Литванија не дозволи високата предност да се стопи.
Мариус Григунис со 16 поени беше најефикасен во победничката селекција, а Џанан Муса со 22 беше најдобар поентер на мечот.
Извор: Топспорт