Екипата на Олимпик Лион забележа победа од 2:1 на синоќешното гостување кај Монпеље и се искачи на втората позиција на табелата во Лига 1.
Лисандро Лопез во 29-та минута донесе водство за гостите, Монпеље во 41-та минута преку Јунес Белханда изедначи, а победата на Лион му ја обезбеди Клемент Грение со гол во третата минута од судиското надополнување.
33-то коло во Францускиот фудбалски шампионат продолжува денеска со средбата Олимпик Марсеј – Брест.
Утре ќе бидат одиграни шест натпревари: Бастија – Лил, Тулуз – Лориен, Сошо – Бордо, Ремс – Валенсиен, Нанси – Евиан и ПСЖ – Ница.
Последните два натпревари од ова коло се закажани за среда (24 април), а во нив ќе играат Рен – Троа и Сент Етиен – Ајачио.
Табела: ПСЖ 67 бодови, Олимпик Лион 59, Олимпик Марсеј 58, Сент Етиен 54, Ница 54, Лил 53, Монпеље 48.