Фудбалерите на Олимпик Лион ја остварија најубедливата победа во 24.коло од француската Лига 1 и ја прекинаа серијата од две загубени средби по ред.
Три бода освои и Ница и не му дозволи на Монако да се одвои на лидерската позиција.
Домашниот терен го искористија и екипите на Мец и Олимпик Марсеј.
Постигнати резултати:
Анже – Рен 0:0,
Лориен – Тулуз 1:1,
Олимпик Лион – Нанси 4:0,
Мец – Дижон 2:1,
Ница – Сент Етиен 1:0 и
Олимпик Марсеј – Генгамп 2:0.
Мечот Бастија – Нант е одложен.
Одиграно во вторникот:
Монпеље – Монако 1:2,
Каен – Бордо 0:4 и
ПСЖ – Лил 2:1.
Табела: Монако 55 бодови, ПСЖ 52, Ница 52, Олимпик Лион 40, Сент Етиен 36, Олимпик Марсеј 36, Бордо 36,…