Лимитиран бројот на влезници за вечното кошаркарско дерби

Од:

Управата на најтрофејниот македонски кошаркарска клуб Работнички излезе со соопштение преку кое ја информира јавноста дека од безбедносни причини ќе го ограничи бројот на билети за утрешното дерби со МЗТ Скопје Аеродром.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на КК Работнички:

– Ве известуваме дека бројот на билети за неделното дерби помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје, од 19ч., ќе биде лимитиран. Сето ова е поради обезбедување на сите потребни услови за одигрување на натпреварот. За да не дозволиме да се случи некаков инцидент и да овозможиме безбедни услови за сите, Ве известуваме дека ќе има и строги контроли на секој од влезовите во салата „Градски Парк“.

Упатуваме силен апел за фер и спортско навивање, во убав спортски амбиент да ги бодриме нашите кошаркари и утре да биде вистински празник на кошарката. Да докажеме дека знаеме и можеме достоинствено да навиваме и дека нашата публика е најдобрата на светот.

Ве информираме дека влезници ќе има само за трибина ,,А,, кои ќе можете да ги обезбедите во периодот од 16:30 до 18ч. со донации во кутиите кои ќе бидат поставени на видно место пред нашиот кошаркарски храм. Како и минатиот пат, така и сега, паричните средства собрани од овој натпревар ќе бидат донирани во хуманитарни цели, стои во соопштението на КК Работнички.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он