Лигети и го донесе првото злато на Америка од СП во Шладминг

Од:

Тед Лигети (САД) е победник на денешниот супервелеслалом од Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Шладминг, (Австрија).

Лигети патеката ја помина за време од 1:23.96, 20 стотинки побрзо од францускиот скијач Готие Де Тесиерес, односно 22 стотинки подобро време од освојувачот на бронзениот медал Аксел Лунд Свиндал од Норвешка.

Предноста која му го донесе златниот медал, Американецот ја направи во вториот дел од патеката долга 1.885 метри.

За Лигети денешниот медал е трет од Светските првенства, по бронзата од велеслаломот 2009 и златото од велеслаломот 2011 година.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски