Лига Европа: Работнички минимално поразен

Од:

Македонскиот вицешампион Работнички загуби на гостувањето во Талин кај Флора со 1:0 во рамки на првото квалификациско коло од Лига Европа.

Овој резултат значи дека „Романтичарите“ пласманот во следното коло треба да го „бркаат“ на свој терен и да ја совладаат Флора со два или повеќе голови разлика.

Според информациите, Работнички којшто важеше за благ фаворит во пресрет на мечот, во првиот дел бил рамноправен, а на моменти и подобар противник. Во второто полувреме домаќините го засилиле притисокот и со голот на Гусев во 59-тата минута повеле со 1:0 резултат кој останал до крајот на мечот. Во последните минути од мечот македонскиот тим покажал иницијатива што довело до неколку шутеви кон голот на естонците, но сепак тоа не било доволно да се спасат од пораз.

Работнички настапи во состав: Ефремов, Силјановски, Илиевски, Петровиќ, Цикарски, Вујчиќ, Трајчевски (72’ Јовановски), Сахити (62’ Маркоски), Митров (46’ Анене), Илијоски, Алтипармакоски. Тренер: Игор Ангеловски

На Арената „Ле Кок“ мечот го следеле 3000 гледачи.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска