Борусија Дортмунд и Ливерпул одиграа без победник 1:1, во најинтерсниот натпревар од четвртфиналето во фудбалската Лига Европа.
На средбата одиграна синоќа во Дортмунд, гостите од Ливерпул дојдоа во водство во 36-минута со голот на Дивок Ориџи. Домаќините до израмнување стигнаа по само три минути игра во вториот дел преку Матс Хумелс.
Останатите три натпревари завршија со ист резултат 2:1.
Актуелниот првак во ова натпреварување екипата на Севиља победи во шпанското дерби на гостувањето во Билбао против Атлетик, иако домаќините први имаа предност.
Победа на гостински терен забележа и Шахтјор Доњецк. кој во Португалија ја совлада Брага.
Единствено, екипата на Вилјареал ја искористи предноста на домашниот терен и ја совлада Спарта Прага со 2:1.
Реванш натпреварите ќе се играат на 14 април.