Лига Европа: Бенфика гостува во Истанбул

Од:

Португалската екипа Бенфика вечерва ќе го има можеби најтешкото гостување во последните сезони во евро-куповите. Бенфика гостува кај Фенербахче во првото полуфинале од Лига Европа.

Пред 38 години овие два тима одиграа натпревари во Купот на шампионите и Бенфика победи со 7:0 што е еден од најубедливите триумфи во европските купови.

Во Фенербахче се подготвени за одмазда, но и со желба да се стигне до финалето.

Португалскиот тим пак брка финале во Лига Европа откако пред две сезони во полуфиналето беше запрен од Брага.

Во второто полуфинале актуелниот европски шампион Челзи ќе гостува кај Базел.

Секој резултат е можен на овој дуел, пред се затоа што екипата на Челзи има густ календар на натпревари и прашање е дали тренерот на „сините“ од Лондон, Рафаел Бенитез ќе ги одбере најодморните и најраспложените за натпревар.

Почетокот на двата натпревара е во 21 часот и 5 минути.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска