Шампионот на Франција ПСЖ по слабиот старт во новото првенство успеа да направи серија од три победи. Синоќа во рамките на 5. коло го победи Бордо на гости со 2:0. Головите ги постигнаа Блесе Мутуди во 30. минута и Лукас Мура во 64. минута.
Денеска се играат натпреварите: Тулуз – Олимпик Марсеј, Ајачио – Евиан, Генгамп – Бастија, Монпеље – Ремс, Нант – Сошо и Валенсиен – Сент Етиен.
Овој круг од Француското фудбалско првенство ќе биде заокружен утре со средбите: Монако – Лориен, Лил – Ница и Олимпик Лион Рен.
Табела: ПСЖ 11 бодови, Монако 10, Олимпик Марсеј 9, Сент Етиен 9, Рен 7, Ремс 7, Лил 7,.