Лига 1: Победи на Монпеље и Генгамп

Од:

Екипите на Монпеље и Генгамп остварија победи во натпреварите од 22.коло на Француското фудбалско првенство одиграни синоќа.

Монпеље убедливо со 4:0 го победи Нант, додека Генгамп со 3:2 беше подобар од Лориен.

Дуелот Бастија – Бордо беше единствениот од одиграните вчера на кој немаше голови, односно заврши 0:0, додека Монако ја оствари единствената победа на гостите поразувајќи го Лил со 1:0.

Денеска се играат преостанатите пет натпревари. Од 14 часот ќе играат, Евијан – Тулуз и Олимпик Лион – Мец, а од 17 часот се среќаваат, Рен – Кан и Ремс – Ленс. Дербито е во вечерниот термин од 21 часот во кој ќе започне средбата Сент Етијен – Париз Сен Жермен.

Табела: Олимпик Лион 45 бодови, Олимпик Марсеј 44 (+1 натпревар повеќе), Париз Сен Жермен 41, Сент Етијен 40, Монако 39 (+1)…

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска