Левандовски пред трансфер во Баерн

Од:

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Роберт Левандовски од наредната сезона ќе игра за Баерн Минхен, потврди еден од неговите менаџери Чезаре Кучарски.

– Роберт на лето ќе замине во Барен. Тој сака да оди и тоа ќе се случи. Само е прашање на време. Сето тоа може да се заврши за недела или две. Чекаме сигнал од клубот и работиме на трансферот. На Роберт му е потребен нов предизвик, да биде опкружен со нови играчи и тренер, изјави Кучарски.

По саботното финале во Лигата на шампиони во кое Баерн ја совлада Борусија со 2:1, тренерот на „баварците“ Јуп Хајнкес го навести доаѓањето на Левандовски.

Договорот на полскиот напаѓач со Борусија истекува во јуни 2014 година. Левандовски годинава во дресот на Борусија одигра 48 натпревари и постигна 36 голови.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска