Фудбалерот на Баерн Минхен се запиша во историјата на германскиот фудбал, откако синоќа на дуелот од шестото бундеслогашко коло против Волфсбург постигна пет погодоци во интервал од девет минути.
Левандовски натпреварот го почна од клупата за резерви, во игра влезе на почетокот на второто полувреме и негативата на Баерн од 0:1 ја претвори во убедлив триумф со головите во 51,52, 55, 57 и 60.та минута.
Резултати на синоќа одиграните четири натпревари од 6.коло во Бундеслигата:
Баерн Минхем – Волфсбург 5:1,
Херта – Келн 1:0,
Дармштад – Бремен 2:1 и
Инголштад – Хамбургер 0:1.
Вечер играат:
Шалке – Ајнтрахт,
Баер Леверкузен – Мајнц,
Борусија Менхенгладбах – Аугсбург,
Хановер – Штутгарт и
Хофенхајм – Борусија Дортмунд.
Табела: Баерн 18 бодови, Борусија Дортмунд 15, Волфсбург 11, Шалке 10, Херта 10, Хамбургер 10, Келн 10, Инголштад 10,…