Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, со голем отпимизам влегува во пролетниот дел од сезоната. Најдобриот играч во светот, во изборот на ФИФА, вели дека Баерн е најголемиот фаворит за титулата во Лигата на шампионите.
Баерн, нокаут фазата во ЛШ, ќе ја отвори со двата дуелит против Салцбург, на 16.февруари и 8.март.
„Ние сме најголемите фаворити за трофејот. Погледнете само како играме и каков тим имаме. Јасно е дека сме еден од најсилните тимови во ЛШ. Најважно е да бидеме здрави кога ќе дојдат решавачките натпревари и во тој момент да бидеме во виситинска форма“, рекол Левандовски.
Баерн, последен пат титулата во ЛШ ја освоија во 2020 година, кога во Лисабон со 1:0 го победија ПСЖ.