И покрај тоа што ни одговара нерешен резултат 0:0 или 1:1, сепак игра со калкулација може да биде многу ризична и затоа мора да одиме на победа, изјави Роберт Левандовски, напаѓачот на Борусија Дортмунд која вечерва го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Шахтјор.
На првиот дуел во Доњецк резултатот беше нерешен 2:2, а Левандовски ги повика соиграчите на реваншот да бидат повнимателни во играта во одбрана.
– Шахтјор на првиот дуел покажа дека е опасен и ни даде два гола. Веќе почнаа со натпревари и во Украинското првенство и сигурно поподготвени ќе дојдат во Германија. Тие се екипа која добро игра на гостински терен, потенцира Левандовски.
Тој сепак смета дека од нив самите зависи каков ќе биде конечниот епилог.
– Нема да биде лесно, но верувам во вкупна победа. Ние многу го посакуваме четвртфиналето и доколку одиграме според нашите можности, по натпреварот ќе славиме со навивачите, рече Левандовски.