Роберт Левандовски е на мислење дека “жолто-црните” се уште посилни од минатата сезона, и покрај продажбата на Марио Геце во Баерн.
“Ние го привлековме Пјер-Емерик Обамејанг и Хенрих Митарјан на офанзивен план, тоа е одлично проширување на составот. Според мене Борусија Дортмунд се наоѓа во подобра позиција во споредба со минатата сезона”, изјави Левандовски пред списанието “Спорт Билд”.
“Според мене минатата сезона останавме втори во Бундеслигата и Лигата на Шампионите, бидејќи ни недостигаа алтернативи”, продолжи Полјакот, кој беше поддржан и од својот соиграч Кевин Гроскројц, кој додаде: “Но сега имаме повеќе квалитет и варијабилност”.