Лев против проширувањето на Светското првенство

Од:

Селекторот на германскиот национален фудбалски тим Јоаким Лев не се согласува со предлогот за промена на форматот на Светското првенство, според кој на турнирот би учествувале 48, наместо 32 репрезентации.

Новиот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино пред два дена изјави дека би можело турнирот ќе да се прошири од 32 на 48 учесника.

Тој соопшти дека ја разгледува идејата 16 репрезентации место во групната фаза да обезбедат преку плеј-оф, а 16 да имаат обезбедено учество во групната фаза.

Лев за агенција ДПА изјави дека не е запознаен со конкретни планови, но според него сегашниот формат со 32 репрезентации е идеален и совршен за Мундијалот.

– Најдобрите селекции треба да играат на Светското и Европското првенство. Ако се зголеми нивниот бројот ќе се разводни на квалитетот на турнирот, рече Лев, кој во 2014 година со Германија го освои Светското првенство во Бразил.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он