Лев и Дел Боске ја отфрлија идејата за бојкот на СП во Русија

Од:

Селекторот на актуелниот светски фудбалски шампион Германија, Јоаким Лев и предводникот на поранешниот светски и актуелен европски Шпанија, Висенте дел Боске денеска се спротивставија на барањата за бојкот на Мундијалот во Русија 2018 година, поради политичката криза во Украина.

– Идејата да се бојкотира Светското првенство во Русија никогаш нема да ја добие поддршката на фудбалските тренери. Ние сме за соединување, а не за дезинтеграција. Нас не не интересира политиката, рече Дел Боске на техничката конференција во Санкт Петербург.

За германскиот селектор нема сомнение дека Мундијалот во Русија ќе биде на ниво.

– Русија има силна желба и огромни можности светскиот шампионат да го организира на високо ниво, потенцира Лев.

Реакциите на водечките светски тренери доаѓаат по барањето од лидерите на 28 земји членки на Европската унија да бидат воведени нови санкции кон Русија заради наводно испраќање воени единици во Украина.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он