Кошаркарската репрезентација на Летонија е единствената со четири победи во квалификациите за Евробаскет 2015. На синоќешниот дуел со Шведска, Летонците дури по продолжение стигнаа до победата и со тоа останаа непоразени и по четвртиот натпревар.
Резултати од 4. коло:
А група: Велика Британија – Исланд 69:71. Слободна беше Босна и Херцеговина.
Табела: Исланд 5 бодови, Б и Х 4, В.Британија 3.
Б група: Црна Гора – Израел 65:80 и Холандија – Бугарија 66:57.
Табела: Израел 7, Холандија 7, Црна Гора 6, Бугарија 4.
Ц група: Луксембург – Австрија 71:80 и Германија – Полска 76:88.
Табела: Полска 7, Австрија 7, Германија 6, Луксембург 4.
Д група: Белгија – Македонија 63:60 и Данска – Белорусија 66:73.
Табела: Белгија 7, Македонија 7, Белорусија 6, Данска 4.
Е група: Унгарија – Португалија 65:52 и Чешка – Грузија 86:67.
Табела: Чешка 7, Унгарија 7, Грузија 6, Португалија 4.
Ф група: Летонија – Шведска 79:76 (продолжение) и Романија – Словачка 90:86.
Табела: Летонија 8, Романија 7, Шведска 5, Словачка 4.
Г група: Русија – Швајцарија 101:56. Италија беше слободна.
Табела: Италија 4, Русија 4, Швајцарија 4.
Следното (петто) коло се игра на 24.август во недела.