Летонија ја совлада Турција, Србија прва во групата Д

Од:

Репрезентацијата на Летонија постигна победа вечерва против Турција во натпреварот од 5. коло од Д групата од Европското првенство во кошарка.

Летонците ја „запишаа“ четвртата победа во групата, но нивниот триумф на Србија и го донесе првото место во групата. Трите селекции (Русија, Србија и Летонија) имаат ист скор 4 победи и 1 пораз, па табелата е одредена според кош количникот во меѓусебните дуели.

Резултати 5.коло Ц група: Чешка – Хрватска 69:107, Унгарија – Шпанија 64:87, Црна Гора – Романија 86:69.

Табела: Шпанија 5-0 (победи-порази), Хрватска 4-1, Црна Гора 3-2, Унгарија 2-3, Чешка 1-4, Романија 0-5.

Резултати 5.коло Д група: Русија – Велика Британија 82:70, Белгија – Србија 54:74, Летонија – Турција 89:79.

Табела: Србија 4-1, Летонија 4-1, Русија 4-1, Турција 2-3, Белгија 1-4, Велика Британија 0-5.

Во осминафиналето во сабота (9.септември) ќе играат: Словенија – Украина, Германија – Франција, Финска – Италија, Литванија – Грција. Во недела (10.септември) се играат осминафиналните дуели: Шпанија – Турција, Летонија – Црна Гора, Хрватска – Русија и Србија – Унгарија.

Утре на првенството е слободен ден.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга