Репрезентациите на Летонија и Словачка се изборија за пласман во четвртфиналето на Европскиот шампионат за кошаркарки што се одржува во Чешка.
Во првиот осминафинален меч одигран попладнево кошаркарките на Летонија направија големо изненадување со елиминацијата на актуелните европски шампионки Србинките кои ги победија со 75-70.
Словачка пак беше убедлива во дуелот против Украина која ја совлада со 82-68.
Со тоа комплетирани се првите два полуфиналени парови. Летонија за противник ќе ја има селекцијата на Шпанија, а Словачка ќе игра против Франција.
Репрезентациите на Турција и Белгија кои како првопласирани во своите групи директно обезбедија пласман во четвртфиналето, своите противници ќе ги дознаат вечерва по средбите меѓу Италија – Унгарија и Русија – Грција.